По репрезентативната пауза попладнево продолжуваат натпреварите во Првата македонска лига. Од 15 часот ќе почнат сите шест натпревари од петтото коло.
Паузата им беше добредојдена пред се на екипите на Вардар и АП Брера екипи кои со големи амбиции ја почлнаа сезоната, но се на последните две места на табелата.
И двата тима остварија по една победа, но претрпеа по три порази, па се на последните две позиции на табелата. Тоа резултираше и со промена на тренерските места. Така денеска Срѓан Захариевски и Горазд Михајлов, ќе дебитираат на клупите на скопјани и струмичани.
Вардарци иако ќе играат во Маџари, сепак ќе ја имаат улогата на гости во дуелот со екипата на Гостивар. Домаќинот на овој меч реши натпреварот на „Борис Трајковски“ да се игра без присуство на публика.
Затоа пак струмичани ќе ја имаат поддршката од своите симпатизери пред кои ќе се обидат да го совладаат новајлијата тимот на Беса.
Три екипи, Шкендија, Работнички и Гостивар, досега се не поразени, но тоа може многу лесно да се промени веќе во оваа рунда.
Лидерот на табелата тетовска Шкендија, во дербито на колото, гостуваат во Чаир на Шкупи.
И шампионот Струга ТЛ ќе игра на гостински терен и тоа во Битола против Пелистер. На арената „Тодор Проевски“ фудбалерите на Работнички ќе го угостат освојувачот на Купот кавадаречки Тиквеш.
Во последниот натпревар во Охрид, Воска спорт го пречекува Силекс.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ПМФЛ – 5 КОЛО
недела (15 часот)
ПЕЛИСТЕР – СТРУГА Т.Л.
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
АП БРЕРА – БЕСА
ГОСТИВАР – ВАРДАР
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС