Репрезентативецот на Девствените острови, Дион Едвин (31 год, 191 см) ќе биде четвртото странско засилување за МЗТ Скопје во новата сезона.
Станува збор за искусен бек-шутер, кој европската кариера ја почна пред седум години во Финска. Таму минал една сезона во тимот на КТП, по што следува четиригодишен период минат во Украина.
Едвин во 2022 година извесен период настапува за Работнички, по што се сели во Унгарија.
Со ангажманот на Американецот, шампионот МЗТ го комплетира тимот од 12 кошаркари со кои ќе ја почне сезоната.
Покрај него, странци се и: Брандон Слај (САД), Марко Баковиќ (Хрватска) и Милош Копривица (БиХ).
Од домашните играчи, МЗТ на располагање ги има: Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.
Сезоната МЗТ ќе ја почне на 24 септември со дуелот во АБА2 лигата против црногорскиот Теодо. Пет дена (29 септември) подоцна следува натпреварот со Пелистер во Супер купот. Обрските во домашниот шампионат стартуваат на 5-5 октомври.