Откако пред четири дена го совладаа шампионот Е. Пелистер во дуелот за Суперкуп трофејот, ракометарите на Алкалоид денеска славеа и над Вардар.
Во првото дерби од новата сезона Алкалоид пред својата публика го победи Вардар со 33-30.
Во првиот дел вардарци на почетокот имаа гол предност (1-2 и 3-4), а Алкалоид во 12-тата минута дојде до најголеми +3 (8-5). Гостите се вратија во игра и израмнија на 9-9. Се играше гол за гол, кога во 28.минута вардарци пак поведоа 15-16. Сепак домашниот тим не дозволи протоивникот да замине на одмор со позитива, напротив. Алкалоид беше оној кој првиот дел го заврпи со гол предност 18-17.
По 9 минути игра во второто полувреме Алкалоид за прв пат дојде до четири гола предност (25-21). Таа предност се покажа како решавачка, Вардарци постојано ја бркаа негативата дојдоа и до -1, но не успеаја да ја анулираат. На крајот Алкалоид победнички ја почна сезоната со конечни 33-30.
Со по 8 постигнати гола Марко Митев и Мартин Серафимов беа најефикасните играчи во победничката екипа. Кај поразениот тим прв стрелец беше Милан Лазаревски со 6 гола.
Во следното коло Алкалоид го пречекува Радовиш, а Вардар е домаќин на велешки Бисинов Фруит Ленд.