Екипата на МЗТ Скопје Аеродром за следната сезона ќе биде дополнително засилена на плејмејкерската позиција, со Андреј Магдевски.
Искусниот 28-годишен македонскиот репрезентативец Магдевски повторно ќе го облече дрес на аеродромци.
За него ова ќе биде трета епизода во сино-белиот дрес. Тој претходно за МЗТ играше од 2018 и 2021 година, а потоа и во 2022 година, по што замина во Холандија. Лани Магдевски настапуваше за битолски Пелистер.
Магдевски МЗТ Скопје има освоено две шампионски титули (2019 и 2021 година), кога воедно беше избран за најкорисен МВП играч на финалната серија.
Репрезентативниот плејмејкер е десеттиот кошаркар во составот на МЗТ кој ќе ја брани двојната круна на домашна сцена и ќе игра во АБА2 лигата.
Покрај него во тимот засега се: Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ. Од интернационалците МЗТ досега ангажира тројца кошаркари: Брандон Слај (САД), Марко Баковиќ (Хрватска) и Милош Копривица (Србија).
Новата сезона МЗТ Скопје ќе ја почне на 24 септември со домашниот меч против Теодо Тиват во АБА2 лигата.