Дека на минхенски Баерн и во новата сезона нема да му биде лесно, се виде уште во воведниот меч. Баварците славеа на гостиувбаето кај Волфсбург со 3-2, но до трите бода стигнаа многу тешко.
Баерн повед во 19.минута со голот на Џамал Мусиала. Со тој резултат заврши првото полувреме, а потоа по само 15 минути „волците“ направија пресврт.
Израмнија на самиот старт од вториот дел од пенал чиј реализатор беше хрватскиот интернационалец Ловро Мајер.
Истиот играч го постигна вториот гол во 55.минута по големата грешка на Кореецот, Ким Мин-Јае .
Клучниот момент за новиот пресврт беше влегувањето во игра на 34-годишниот ветеран Томас Милер. По неговите асистенции, прво Јакуб Камиски си постигна автогол, а 15 минути подоцна брилијантно го проигра Хари Кејн за асистенција на Серж Гнабрикој ги постави конечните 3-2 за Баерн.