Македонскиот репрезентативец Бојан Миновски о официјално го облече дресот на својот нов клуб.

Шпанската екипа Џирона денеска го престави 25 годишниот Миовски како големо засилување за следната сезона.

Тимот кој лани беше сензација не само во Шпанија туку и Европа, со Миовски во нападот очекува уште една успешна „кампања“. Покрај настапот во шпанската Ла Лига, Миовски и Џирона ги чека и настап во Лигата на шампионите.

Тимот ја започна сезоната со нерешен резултат (1-1) против Бетис, а веќе во следното коло на Ла Лига ќе игра против фаворизираниот Атлетико во Мадрид.

Најверојатно Миовски своето деби ќе го има токму против Атлетико во недела (21.30 часот).