Македонскиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски од денеска има нов клуб. Тој и официјално е претставен како ново засилување на екипата на Џирона.
Тимот кој минатата сезона во Ла Лига, па и во Европа, беше најголемо изненадување, го претстави Македонецот.
Миовски доаѓа во Џирона на местото на Украинецот, Довбик кој беше најдобар стрелец. Но и штипјанецот имаше фантастична сезона во шкотската Премиер лига. Тој беше најдобриот стрелец на Абедин.
Миовски со Џирона претстојната сезона покрај настапите во Ла Лига, ќе игра и во Лигата на шампионите.