Футсал репрезентацијата на Македонија на почетокот на март ќе одигра два натпревари против Италија и Шведска во рамките на групата 10 од квалификациите за пласман на Светско првенство 2024.
Избраниците на селекторот Васко Скендеровски ги очекуваат возвратните натпревари против Италија на гости и Шведска на домашен терен во Скопје.
Скендеровски, за претстојните квалификациски мечеви се одлучи можност да им даде на следните играчи:
Голмани: Антонио Петровски (Проект), Иван Стојановски (Вјоша, Косово);
Играчи: Драган Петровиќ (Проект), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Иван Крстевски (Проект), Игор Леовски (Мимел Луценец, Словачка), Садат Зибери (Берналда, Италија), Јакуп Рамадани (Лигени, Косово), Мартин Мехмедовиќ (Проект), Исмет Цека (Вјоша, Косово), Даниел Де Соуза (Лозница Град, Србија), Џокица Џо Арсовски (Хохенштеин Ернштал, Германија), Еркан Сефери (Вјоша, Косово), Адријан Мицевски (Штуттгартер 2000, Германија), Зоран Левески (Арбен Бајрами), Дарко Ранготов (Проект), Марио Благојевски (Проект), Игор Стојковски (Проект);
Првиот натпревар против Италија макеоднските футсалци ќе се игра во Катанија на 1 мар (20:30 часот), додека средбата со Шведска на програмата е на 5 март во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19 часот.
Групната фаза ќе ја затворат Шведска и Италија со срдбата закажана за 8 март.
По два одиграни натпревари на табелата водечка е Италија со 4, пред Шведска која има 3, а Македонија е трета со еден бод.