Македонската кошаркарска јуниорска репрезентација на Македонија е пред голем успех. Нашите надежи се на чекор до финалето на Евробаскетот во Скопје.

Тие попладнево ќе играат против Бугарија во полуфиналето. Селекторот Горан Андреевски смета дека нијанси ќе решаваат за влез во големото финале.

„Во полуфинале нė чека репрезентацијата на Бугарија, екипа со одлични поединци. Ќе одлучуваат нијанси.

Ќе влеземе многу посветено во натпреварот, очекувам максимално залагање во одбраната, посебно врз нивниот најдобар поединец Гаваљугов“, вели селекторот Андреевски. 

За остварување на целта на нашите млади кошаркари неопходна им е и голема поддршка од трибините во СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе с еигра натпреварот. 

„Играчите се подготвени и мотивирани. Се надевам дека ќе ја израдуваме публиката со уште една победа.

Очекуваме полна сала во борба за големото финале“, потенцира селекторот. 

Дуелот Македонија – Бугарија ќе почне во терминот од 18.,30 часот. Оние кои неможат да дојдат во сала, ќе може да го ГЛЕДААТ ВО ЖИВО ОВДЕ.