Симона Грујовска е ново засилување во тимот на ЖРК Металург Автокоманда. Грујовска доаѓа од тимот на Куманово каде одигра две одлични сезони. Младата голманка претходно има настапувано за екипата на Вардар.

Металург успеа да го задржи поголемиот дел од тимот така што ги продолжи договорите со Сара Миновска, Таида Беровиќ, Анастасија Трпевска, Марија Гугуљанова и Исидора Котевска.

Воедно успеа и да се засили со Стефани Ристиќ, Ивана Димоска, Софи Ѓошевска, Анастасија Величковска и сестрите Бојана и Борјана Коцеви.

Од тимот на Металург Автокоманда си замина само Јана Калајџиевска која премина во тимот на Ѓорче Петров.

Екипата од скопска Автокоманда во женската Супер лига го освои третото место и обезбеди учество во Европскиот Куп. Металуг во втората рунда ќе се соочи со турскиот Гореле.

Ивона Кимовска