На четвртиот натпреварувачки ден на Летните Олимписките игри во Париз, настапи и третиот македонски олимпиец Еди Шерифовски.
Во своето деби на игрите, македонскиот џудист Шерифовски ќе го има во категоријата до 81 килограми.
Еди за противник во првата елиминациска рунда (осминафинале) ќе го има Бразилецот, Гилерме Шимид.
Борбата е закажана во 10 часот.
Следува голема пауза до следниот настап на македонските олимпијци.
Следните, и тоа два, се на 8 август кога ќе настапат таеквондистката Милјана Рељиќ и борачот Владимир Егоров.
Последен од македонските олимпијци ќе настапи атлетичарот Дарио Ивановски во маратонската трка закажана за 10 август.