Машката јуниорска репрезентација на Македонија, го продолжи победничкиот од на Европското првенство за играчи до 18 години во Скопје.
По Ирска и Босна и Херцеговина, попладнево во „Кале“, падна и селекцијата на Словачка. Во натпревар од 3.коло на „Ц“ групата во дивизијата „Б“, Македонија ја победи Чешка со 94-86.
И овојпат добрата и пожртвувана игра во одбраната разноликоста во нападот вроди со плод. Затоа четворица македонски кошаркари натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени.
Лука Јаничиќ повторно беше најефикасен сега со 24 поени, четири повеќе од Стефан Стојковиќ.
Ако вчера не му успеа, денеска Коста Кириловски имаше дабл-дабл ефект со 14 поени и 10 скокови, а блиску до тоа беше Марко Лукановски кој завршни со 16 поени и 9 скокови.
речиси и теоретски Макеоднија е четвртфиналист имајќи в предвид дека остануваат два натпревари до крајот на групната фаза. Македонија во нив ќе игра против трето пласираната Украина и селекцијата на Кипар која е убедливо најслабата во оваа конкуренција.
Утре е слободен ден, а следниот натпревар е во вторник против Кипар во терминот од 18 часот.