„Дрим тим“ така уште од ОИ во Барселона го нарекуваат американскиот машки кошаркарски состав. Овој примат актуелната селекција на САД која настанува на игрите во Париз го потврди уште во првиот натпревар.
Американските НБА ѕвезди не дозволија изненадување и убедливо со 26 разлика ја победија Србија.
Иако Србите одлично го започнаа натпреварот и поведоа со 10-2, сепак предводени од Леброн Џејмс, Американците брзо ја презедоа контролата над резултат. Предноста од минута во минута ја зголемуваа, за на крајот да слават со конечни 110-84.
Кевин Дурент и Леброн Џејмс беа први стрелци во американскиот состав со 23 односно 18 поени, додека очекувано Јокиќ кај србите постигна најмногу 20.
Во оваа „Ц“ група, Јужен Судан претпладнево го совлада Порторико и најави битка за втората позиција која води во четвртфиналето.
Во следното коло закажано за во среда Србија ќе игра против Порторико, а Американците против Јужен Судан.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА