До почетокот на Олимписките игри во Париз остануваат уште пет дена. Учесниците ги правата завршните подготовки за најголемиот планетарен спортски настан.
Така беше и во „О2“ арената во Лондон, каде американскиот „Дрим тим“ одигра пријателски натпревар со Јужен Судан (101-100). Американците кои се прв фаворит за златото на кошаркарски турнир, славеа победа.
Но, до триумфот стигнаа многу потешко од очекуваното, а противникот имаше и шанса за победа.
Селекцијата на Јужен Судан се покажа како „тврд орев“. Водеше на полувремето со 14 разлика, а и во самата завршница имаше поен предност.
На 20 секунди пред крајот на натпреварот, Џеј Ти Тор постигна тројка за водство на Јужен Судан од 100:99, а потоа Леброн Џејмс ја презеде одговорноста и ги доведе Американците во водство 101:100
На Јужен Судан му останаа уште осум секунди за напад, Карлик Џонс промаши шут, Венјен Габриел го фати скокот, но Американците успеаја да се одбранат и да ја однесат победата.
Леброн беше еден од ретките на високо ниво, а средбата заврши со 25 поени, шест скока и седум асистенции. Ентони Дејвис додаде 15 поени и 11 скока.
За Јужен Судан, Маријал Шајок 24 поени, а Карлик Џонс имаше троен ефект со 15 поени со 11 скока и 11 асистенции.
Инаку САД и Јужен Судан ќе играат во иста група и на Олимпијадата во која е и селекцијата на Србија.
Последната контрола американскиот „Дрим тим“ ќе ја има утревечер и тоа дуелот со актуелниот светски првак Германија.