Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, Андрија Бојиќ е нов играч на член на битолски Пелистер.

Србинот по пауза од три сезони се враќа во мак-баскетот.

Тој изминатите две сезони застапуваше во српската лига. Лани со тимот на Спартак Суботица, играше во АБА2 лигата, а на 20 натпревари и во просек забележуваше по 15 поени, 5 скокови.

Македонскиот зет е третото ново име во таборот на зелено-белите, не сметајќи го новиот тренер Александар Петровиќ.

Пелистер веќе ги потпишаа плејмејкерите Бобан Стаиќ (од Работнички) и битолчанецот Виктор Ташовски (од ТФТ).

Вицепрвакот Пелистер покрај обврските во домашниот шампионат и куп, ќе игра и во АБА2 лигата.