Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром, попладнево го претстави новото засолување. Станува збор за српскиот кошаркар роден во БиХ, Милош Копривица (29 год, 208 см).
Тој е третиот странец во таборот на аеродромци што ќе го носи сино-белиот дрес во наредната сезона.
Копривица своевремено беше голем талент на Партизан, каде што мина две сезони, а го носеше и дресот на Мега баскет.
Тој добро ги знае приликите и во АБА2-лигата. Во неа играше како член на Ловќен, Подгорица и Сутјеска. Копривица минатата сезона ја мина во унгарскиот тим Капошвар од каде што направи трансфер во Аеродром.
Србинот третиот странец кај аеродромци по ново-ангажираниот Американецот, Брандон Слај и хрватскиот интернационалец Марко Баковиќ кој ја продолжи соработката.