Два дена до големото финале на Европското фудбалско првенство во Германија. Селекциите на Шпанија и Англија, во недела, ќе се борат за шампионскиот трофеј.
Шпанците ќе атакуваат на четвртата титула
Избраниците на Луис де ла Фуенте се надеваат дека одличните настапи на првенството ќе ги крунисаат со нова титула, прва по 2012 година кога беа шампиони во Украина и Полска.
И имаа за право „црвената фурија“ да верува дека може до трофејот. Шпанците до финалето стигнаа со максимален ефект. Тие победија на сите шест натпревари.
Англија сонува за првиот трофеј
Максимата „фудбалот се враќа дома“ одамна е присутен во англиската фудбалска јавност. Но никако Англичаните да се израдуваат на европската „круна“. Во Англија владее целосно лудило и се очекува „инвазија“ во Берлин.
Иако пред првенството важеа за главен фаворит за шампионскиот трофеј, избраниците на Герет Саутгејт не не убедија во тоа.
Беа на прагот на прагот на елиминација, со пресврт победи стигнаа до финалето, во кое ќе биде исклучително тешко да се поправи впечатокот. Сепак, како одминуваше турнирот, тие играа се подобро и подобро.
Неделното финале во Берлин од 21 часот ќе го суди францускиот арбитар Франсоа Летексие .