Порторико со победата над Литванија го комплетира списокот на репрезентации кои ќе играат на кошаркарското олимписки турнир во Париз.
Покрај Порторико, пласман на Олимпијадата обезбедија, Грција, Бразил и Шпанија.
Со тоа познати се сите 12 селекции кои ќе играат на турнирот што ќе почне на 27 јули со мечот меѓу Австралија и Шпанија, во рамките од А групата. Токму таа група ќе го носи и приматот на т.н. „група на смртта“ бидејќи во неа се и селекциите на Канада и Шпанија.
Во групата Б, покрај светскиот првак Германија се и Франција, Бразил и Јапонија.
Американците кои за Париз повторно собраа „дрим тим“ и се главни фаворити за златото ќе играат во Ц групата со светскиот вицепрвак Србија, Порторико и Јужен Судан.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА