Шпанија и Франција си ја завршија четвртфиналната обврска и го формираа првиот полуфинален пар на Европскиот фудбалски шампионат во Германија. Вечерва ќе го дознаеме и вториот.
За место во топ четирите селекции вечерва во последната четвртфинална пресметка ќе се борат Холандија и Турција.
Коди Гапко е адутот на Холандија за полуфинале
Холандија се пласираше во осминафиналето на како една од четирите најдобри третопласирани селекции во групната фаза. Во битката за четвртфиналето против Романија, Холанѓаните покажаа добра игра , подарувајќи ја надежта за повторување на успехот од 1988 година.
Иако е една од најредовните земји учеснички на ЕП (10 настапи) Холандија само еднаш беше шампион на Европа и тоа во 1988 година во Западна Германија.
Предводени од Коди Гакпо кој со три гола на четири натпревари, е еден од топ стрелците на првенството „лалињата“ се надеваат на повторување на тој успех. Но, за тоа Холанѓаните ќе треба да ја задржат својата агресивност, брзата игра и цврстата одбрана. Само така може да и се спротивстават на Турција и да ја минат.
Без соништа не е ниту турската репрезентација и нејзините навивачи. Тие се на чекор до ново полуфинале, прво по 2008 година. Турците стигнаа до четвртфиналето како втори од групната фаза, а потоа ја совладаа Австрија во првата рунда од нокаут фазата.
Искусниот Чалханоглу, и супер талентираниот Ѓулер заедно со „јунакот“ од осминафиналето Демирал, се адутите на Винченцо Монтела.
Ако се погледнат последните две средби меѓу Холандија и Турција и дури 13 постигнати голови, фудбалските фанови со право очекуваат возбудлив и ефикасен натпревар.
Дуелот Холандија – Турција ќе се игра во Дизелдорф, со почеток од 18 часот. Подобриот од овој меч ќе го чека исходот од вечерашната средба Англија – Швајцарија по што ќе го дознаеме вториот полуфинален пар.
Првиот го сочинуваат Шпанија и Франција кои вчера беа подобри од Германија и Португалија.