Откако вчера го преставија првото странско засилување, од таборот на струмичка Брера денеска се „пофалија“ со нов играч. Имено станува збор за Марјан Ристовски довчерашниот фудбалер на скопски Вардар.
27 годишен фудбалер кои игра на крилната позиција, со Брера Струмица потпишаа две годишен договор.
Марјан Ристовски потекнува од Гевгелија, а во својата кариера има настапувано за повеќе македонски клубови. За Вардар минатата сезона одигра 29 натпревари постигнувајќи три гола и запишувајќи седум асистенции. Претходно Ристовски има настапувано за Силекс, Работнички, Борец, Тиквеш и Кожуф.
„Среќен сум што ќе бидам дел од Брера Струмица и ќе дадам се од себе да се исполни зацртаната цел за следната сезона.
Станува збор за клуб кој сите го респектираат бидејќи го води една легенда како што е Горан Пандев.
Брера е фудбалски проект кој веќе го препознаваат сите и ми преставува задоволство што ќе бидам дел од него“,
изјави Ристовски.
Стартот на подготовките за следната сезона е закажан при крајот на месецов, а претходно нашиот дрес го облекоа Французинот, Дианеси и искусниот напаѓач Каланоски