Се одигрувањето на натпреварите од 3.коло во групата Б, познати се првите два четвртфинални парови на Копа Америка. И пред оваа рунда Венецуела обезбеди место меѓу осумте најдобри, а и се придружи се Еквадор.
Венецуела убедливо со 3:0 ја победи Јамајка , а сите голови беа постигнати во вториот дел. Во листата на стрелци се запишаа, Едуардо Бело , Саломон Рондон и Ерик Рамирез.
Во директниот дуел за второто место, Мексико не успеа да го победи Еквадор, а дуелот заврши без голови. Но драмата не изостанаа, бидејќи во 98.минута беше досуди пенал за Мексиканците, но по прегледувањето на видеото одлуката беше сменета.
Така Венецуела во четвртфиналето ќе игра со Канада, а Еквадор со бранителот на трофејот на Копа Америка и актуелен светски првак Аргентина.