Топ фаворитот за шампионскиот трофеј на ЕУРО 2024-та, Англија не ја оправда улогата во дуелот со Данска. Натпреварот од 2.коло во „Ц “ групата, одигран во Франкфурт, заврши без победник 1-1.

Хари Кејн го искористи поклонот на данската одбрана и во 18.минута им донесе предност на Англичаните.

Тоа како да ги разбуди Данците па тие ја презедоа иницијативата. Тоа донесе плод во 34-тата минута кога Мортен Хјулманд со ефектен гол израмни на 1-1.

Првата голема шанса во второто полувреме ја имаше Филип Фоден кога во 56.минута ја погоди стативата од голот на Шмајхел.

Англија останува лидер на табелата сега со четири бодови, а Словенија и Данска имаат по два, додека Србите еден.

Така во последното третото коло закажано за 25 јуни ќе се решава кои селекции ќе играат во нокаут фазата, а за кои шампионатот ќе заврши. Во последното коло ќе играат Србија – Данска и Англија – Словенија.