ЖРК Вардар го претстави првото засилување за наредната сезона. Станува збор за Јасмина Попова која игра на позицијата десен бек.
Попова своите почетоци во ракометот ги имаше во матичниот клуб Гевгелија. Потоа премина во тимот на Вардар каде одигра две одлични сезони. Јасмина претходната сезона настапуваше во тимот на Чаир каде го освоија второто место на Купот на Македонија.
Екипата на Вардар успеа да го задржи и поголемиот дел од екипата.
Црвено-црните ги продолжи договорите со Симона Василева и Андреа Илиќ. Четири девојки кои се дел од младинската македонска женска селекција ќе бидат дел од црвено-црните. Станува збор за Вероника Ѓорѓиевска, Нина Попова, Радевска Бојана и Миленкоска Леона.
Се очекува екипата на Вардар да ги претстави и новите засилувања во наредниот период.
Вардарки досега ги напуштија само близначките Коцеви кои потпишаа со Металург Автокоманда.
Ивона Кимовска