Подвигот на шпанската репрезентација и двете врзани европски шампионски титули (2008, 2012) е предизвик за секоја европска фудбалска репрезентација.
Луис де ла Фуенте и неговите избраници имаат тешка задача да се вратат на славните патишта на нивните претходници.
Шпанија има значително подмладена репрезентација, меѓу кои и најмладиот 16-годишниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал. Спојот на младата енергија и километражата на повозрасните играчи, треба да биде сериозен поттик за „црвената фурија“ во трката за шампионскиот трофеј.
Ако некој треба да знае да учи и да расте, односно да работи со таленти, тогаш тоа е Ла Фуенте. Tој се подготвуваше за одговорноста во „А“ тимот како успешен предводник на селекциите У19, У21 и У23. Врв на тогашниот ангажман на актуелниот селектор беше второто место на Олимписките игри во Токио.
СОСТАВ НА ШПАНИЈА
ГОЛМАНИ: 1 Давид Раџа (Арсенал), 13 Алекс Ремиро (Сосиедад), 23 Унаи Симон (Атлетико Билбао)
ОДБРАНА: 2 Дани Карвахал (Реал Мадрид), 3 Робин Ле Норман (Сосиедад), 4 Нако Фернандеш (Реал Мадрид),
5 Дани Вивијан (Атлетик Билбао), 14 Ајмерик Лапорт (Ал Наср), 24 Марк Кукуреља (Челзи)
СРЕДЕН РЕД: 6 Микел Мерино (Сосиедад), 8 Фабијан Руиз (ПСЖ), 15 Алекс Баена (Виљареал), 16 Родри (Манчестер Сити)
17 Нико Вилијамс (Атлетико Билбао), 18 Мартин Зубименди (Сосиедад), 20 Педријад (Барселона), 25 Фермин Лопес (Барселона),
НАПАД: 7 Алваро Мората (Атлетико Мадрид), 9 Хоселу (Реал Мадрид), 10 Дани Олмо (Лајпциг), 11 Феран Торес (Барселона), 19 Ламин Јамал (Барселона), 22 Хесус Навас (Севилја), 25 Фермин Лопез (Барселона), 26 Ахосе Перес (Бетис).
На првенството во Германија, фрлената ракавица на Шпанците за два последователни трофеи, е за Италија која ја брани титулата.
Но, Азурите се во истата група со Шпанија и трето пласираната од Мундијалот во Катар, селекцијата на Хрватска. Групата на „смртта“ може да боде кобна за една од овие селекции. Во оваа конкуренција е и дебитантот Албанија.
Распоред на натпревари – Група Б
коло – 15 јуни
Шпанија – Хрватска 18.00 (Берлин)
коло – 20 јуни
Шпанија – Италија 21:00 (Гелзенкирхен)
коло – 24 јуни
Албанија – Шпанија 21:00 (Дизелдорф)
НАЈГОЛЕМИ УСПЕСИ НА ШПАНИЈА
Рангирање на ФИФА:
Актуелно 8 (4 април 2024 година) [2]
Најдобро рангирана: 1 (јули 2008 – јуни 2009 година, октомври 2009 – март 2010 година, јули 2010 – јули 2011 година, октомври 2011 – јули 2014 година)
Прв меѓународен натпревар: Шпанија 1–0 Данска ( Антверпен , Белгија; 28 август 1920 година)
Најголема победа: Шпанија 13–0 Бугарија ( Мадрид , Шпанија; 22 август 1933 година)
Најголем пораз: Италија 7–1 Шпанија ( Амстердам , Холандија; 4 јуни 1928) Англија 7–1 Шпанија ( Лондон , Англија (9 декември 1931)
Светско првенство
Настапи: 16 ( прво учество 1934 г. )
Најдобар резултат: 1 шампиони ( 2010 )
Европско првенство:
Настапи: 12 ( прво учество 1964 година )
Најдобар резултат : 3 шампиони ( 1964 , 2008 , 2012 )
Финале на Лигата на нации
Настапи: 2 ( прво учество 2021 година )
Најдобар резултат: 1 шампиони ( 2023 )
Шанси за освојување на трофејот
Според „букмејкерите“ (Bet 365) репрезентацијата на Шпанија е петти фаворит за освојување на трофејот.