Завршни подготвителни натпревари играат репрезентациите кои ќе играат на пристојното Европско првенство во Германија.

Последната контрола за топ фаворитот Англија беше вистински дебакл. Англичаните кои важат за најголем фаворит за титулата на ЕУРО, беа поразени од Исланд со 0-1 и тоа на „Вембли“ во Лондон.

Домаќинот на првенството Германија, се изнамачи да ја совлада Грција. На дуелот во Менхенгладбах, домаќинот славеше со 2-1 и тоа со пресврт, а благодарение на голот на Грос во 90-тата минута.

Во дуелот на двете селекции учесници на ЕУРО, Полска со 301 ја победи Украина.

Шкотите имаа два гола предност во дуелот со Финска кој на крајот заврши без победник 2-2.

До стартот на Европскиот фудбалски шампионат остануваат неполни седум дена.