НАТПРЕВАРИТЕ МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ

Во машката ракометна плеј-оф конкуренција денеска на програмата се три натпревар. 

Сигурно дека дуелот во Битола каде првиот тим на Еурофарм Пелистер го пречекува амбициозниот Алкалоид ќе привлече посебно внимание, но дуелот меѓу Пролет и кавадаречки Тиквеш, нема да изостане од вниманието на ракометната публика. 

Во меѓувреме, од Тинекс Пролет си заминаа неколку квалитетни ракометари, но тимот продолжува да работи напорно и да игра квалитетен ракомет, што беше докажано и на дуелот со шампионот Вардар на кој нашата екипа во долги периоди им парираше на „црвено-црните“. Тоа дава право за оптимизам дека со добро издание на денешниот дуел може да се стигне и до триумф над Тиквеш.

„Можеби многумина сметаа дека ќе дојде до голем пад кај Тинекс Пролет по сите оние заминувања. Сите знаат колку значеа Џонов, Аларов и Јагуриновски за нашата игра, но искрено многу ме радува што продолжуваме да играме добар ракомет и откако тие не се дел од нашиот тим. Го покажавме тоа на подготвителните натпревари, како и на последниот дуел со Вардар и сега сакаме таа серија на добри игри да ја продолжиме и против Тиквеш. Знаеме се што треба да се знае за противникот, му ги познаваме добрите и лошите страни, но најважно ќе биде ние да одиграме онака како што треба. Со вистински пристап и со квалитетен ракомет, можеме да стигнеме до првата победа во плејофот“, вели капитенот Ласко Андоновски.

Распоред на денешните натпревари:
17:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК АЛКАЛОИД
18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – (ВО ЖИВО И НА МРТ)
18:30 часот РК ПРОЛЕТ 62 – ГРК ТИКВЕШ 2014

Натпреварите може да ги гледате и овде.

Е. ПЕЛИСТЕР – АЛКАЛОИД
БУТЕЛ – Е. ПЕЛИСТЕР 2
ПРОЛЕТ – ТИКВЕШ