Ракометната репрезентација на Македонија го доби противниците за 29-тото Светско првенство.
На денешната ждрепка одржана во Загреб, Македонија за противници во првата групна фаза ги доби селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Она што со нетрпение го чекаше целата македонска, пред се ракометна јавност, е градот во кој Македонија ќе ги игра своите натпревари.
На задоволство на македонската „Фаланга“, Македонија ќе игра во Варажни, на истото она место каде во 209-тата го почна својот континуитет на големите натпреварувања.
32-те репрезентации ќе бидат поделени во осум групи по четири селекции. Од првата фаза по групи само последно пласираната нема да мина во втората (четвртфинална) рунда во која ќе бидат формирани нови четири групи.
Светското првенство ќе се игра од 14 јануари до 2 февруари 2024 година во Хрватска, Норвешка и Данска.
А ГРУПА (Хернинг) ГЕРМАНИЈА ЧЕШКА ПОЛСКА ШВАЈЦАРИЈА | Б ГРУПА (Хернинг) ДАНСКА ИТАЛИЈА АЛЖИР ТУНИС | Ц ГРУПА (Пореч) ФРАНЦИЈА АВСТРИЈА КАТАР КУВАЈТ | Д ГРУПА (Вараждин) УНГАРИЈА ХОЛАНДИЈА МАКЕДОНИЈА ГВИНЕЈА |
Е ГРУПА (Осло) НОРВЕШКА ПОРТУГАЛИЈА БРАЗИЛ САД | Ф ГРУПА (Осло) ШВЕДСКА ШПАНИЈА ЈАПОНИЈА ЧИЛЕ | Г ГРУПА (Загреб) СЛОВЕНИЈА ИСЛАНД КУБА КАПЕ ВЕРДЕ | Х ГРУПА (Загреб) ЕГИПЕТ ХРВАТСКА АРГЕНТИНА БАХРЕИН |