Со одигрувањето на шесте денешни натпревар од 33.коло заврши сезоната во Првата фудбалска лига на Македонија. Екипата на Струга Трим Лум втор пат во низа го крена шампионскиот трофеј.
Стружани пред своите симпатизери беа поразени со 1-2 од Шкупи. Сепак, пирова беше оваа победа за чирчани кои долго време беа во игра за трофејот, останаа и без настап на европската сцена. Таму покрај шампионот, Македонија ќе ја претставува и тетовска Шкендија. Тетовци славеа на гостувањето кај Работнички и како втори ја завршија сезоната.
Првата лига ќе ја напуштат Македонија Ѓорче Петров и Брегалница, а следната сезона во ова друштво ќе бидат Беса и Пелистер.
Вардар пак ќе треба да обезбеди опстанок преку баражот со радовишката екипа Детонит Плачковица.
Покрај баражот за пополнување на Првата лига, во мак-фудбалот сезонава 0останува да се одигра и финалето на Купот. Во него за трофејот ќе се борат Тиквеш и охридски Воска спорт.
ПРВА ЛИГА – ПОСЛЕДНО 33.КОЛО
СТРУГА Т.Л. – ШКУПИ 1-2
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-2
БРЕРА СТРУМИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 5-3
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 1-1
ВАРДАР – ТИКВЕШ 2-2
ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР 1-1