Во првиот натпревар од претпоследното, 37.коло во Серија А, Фиорентина Наполи одиграа без побендик 2:2.
Брилијантно започна за Наполи, кој поведе во осмата минута од натпреварот. Политано изведе корнер од левата страна, а во шеснаесетникот на домашните Рахмани со прецизен удар со глава го совлада погоди за 0:1 .
Во самиот финиш на првиот дел Фиорентина направи целосен пресврт. Се играше 40.минута кога со феноменалниот гол од слободен удар Бираги израмни на 1:1. Само што го прославија овој еврогол, домашните постигнаа уште еден. Конфузијата во одбранбената линија на гостите ја искористи Нзола за 2:1 за виолетовите.
Во вториот дел, односно 57.минута Кварацкелија на мајсторски начин израмни на 2:2.
Крајот на мечот го одбележа и спорна ситуација во гостинскиот шеснаесетник, кога најпрво беше досуден пенал за Фиорентина при соборувањето на Белоти. Но по интервенцијата на ВАР просторијата и прегледаните снимки, судијата Маркети го поништи таа одлука.
Со „ремито“ Фиорентина остана на осмата позиција, која води во Конференциската лига.
Наполи остана деветти со два бода помалку и натпревар повеќе, па речиси сигурно е дека „Наполитанците“ нема да играат во европските натпреварувања.