Ракометарките на Вардар во дуелот против Чаир бркаат ново финале во Купот на Македонија. Екипата на Вардар минатата година успеа да се пласираат во финалето по што завршија на второто место.
Двете екипи се квалитетни и се очекува да одиграат интересен натпревар до борба до последната минута.
Коцева смета дека Чаир е сериозен противник но, со добра игра имаат шанса за финале.
Бојана Коцева е една од клучните играчи во тимот на Вардар. Како долгогодишен член на тимот, таа знае како да се бори на теренот и да победува.
,,Многу сме среќни што се пласиравме и оваа година на Ф-4 на Куп на Македонија.
Прва пречка ни е екипата на Чаир, која е сериозен противник, но со добра игра имаме шанси за финале, се надеваме на успех.
Ги поканувам сите љубители на ракометот да дојдат и да дадат поддршка на двете екипи и во добра атмосфера да започне овогодинешниот Куп на Македонија”,
изјави Коцева.
Полуфиналето меѓу екипите на Чаир и Вардар е закажан со почеток од 17:00 часот во ,,Борис Трајковски”.
Првиот финалист е веќе познат откако Ѓорче го победи Куманово со 31:14.
Ивона Кимовска