Екипата на Челзи го совлада Брајтон на гостински терен со 2:1 и е на чекор до пласман во Конференциската лига следната сезона.
Избраниците на Маурицио Покетино имаат и прилика за Лига Европа. За тоа да се случи Тотенхем мора да загуби од испаднатиот Шефилд Јунајтед, а Челзи да го победи Борнмут.
Кол Палмер го отвори натпреварот завршувајќи ја прекрасната акција на Челзи во 34-тата минута и со својот 22 погодок во Премиер лигата оваа сезона му донесе водство на својот тим од 1:0.
На 2:0 зголеми нововлезениот Кристофер Нкунку, а црвениот картон на Рис Џејмс во 88-та минута го направи натпреварот поинтересен.
Имено, Дани Велбек во во 8-та минута од судиското надополнување намали на 2:1 за неизвесен финиш. Но, одличната одбрана на гостите им донесе нови три бода.
Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ го совлада Њукасл со 3:2. Стрелци на головите за домаќините беа Коби Маино, Амад Диало и Расмус Хојлунд. За гостите головите ги постигнаа Ентони Гордон и Луис Хол.
„Црвените ѓаволи“ и покрај победата немаат математички шанси за пласман во Европа следната година, додека Њукасл сеуште е во игра.
По ова коло, Челзи е на 6-тата позиција со 60 бодови, 3 помалку од Јунајтед и Њукасл, но поради подобра гол разлика само екипата на Еди Хоу има шанси за пласман.