Ракометна федерација на Македонија (РФМ) направи промена на редоследот на одигрување на полуфиналните натпревари во Купот на Македонија.
Од РФМ, на своевиден начин ги ,,удоволија” барањата на Еурофарм Пелистер.
Битолчани реагираа дека ќе имале помалку време за одмор за финалето.
Така сега зелено-белите се тие кој би имале ден повеќе за одмор, нормално под услов да го минат Тиквеш во полуфиналето.
Соопштението на РФМ ви го пренесуваме во целост.
Почитувани,
Натпреварувачката комисија при РФМ постапувајќи по доставените дописи од страна на РК Вардар 1961 и РК Алкалоид се согласија до го отстапат предвидениот термин четврток за одигрување на полуфиналниот натпревар од Ракометниот Куп на Македонија 2024, на инсистирање на РК Е. Пелистер. Допис за промена на терминот има доставено и од ГРК Тиквеш 2014.
Термини за одигрување на полуфиналните натпревари во рамки на ракометниот Куп на Македонија 2024 :
Натпревар : РК Еурофарм Пелистер – ГРК Тиквеш 2014
Ден и час : четврток (16.05.2024 г.) со почеток во 19.30 часот.
Натпревар : РК Вардар 1961 – РК Алкалоид
Ден и час : петок (17.05.2024 г.) со почеток во 19.30 часот.
Финален натпревар : Недела (19.05.2024 г.) со почеток во 19.00 часот.
Спортското витештво се демонстрира на терен, а се гради вон терен, нека победи подобриот.