Ерлинг Халанд е херој на Манчестер Сити. Со победата во заостанатото коло против Тотенхем со 2:0, Сити избија на чело на Премиер Лигата,.
Халанд беше двоен стрелец. Во првото полувреме немаше реализација од двете страни. Напаѓаа и домаќините и гостите, но ниту една екипа не успеа да реализира од своите шанси.
Во второто полувреме Манчестер Сити мудро си ги дочека своите шанси. Најпрво Халанд постигна лесен гол во 51.та минута. Потоа во 90.та минута Халанд постигна гол од пенал.
Манчестер Сити во последното коло влегува како лидер со 88 бода по 37 одиграни кола. Арсенал е второ пласиран со 86 бода.
Тотенхем ги загуби шансите за Лига на Шампиони следната сезона и ќе мора да се задоволи со Лига Европа. Тотенхем има 63 бода и е на 5.та позиција.