Фудбалерите на Струга Трим Лум се на чекор до одбрана на шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига.

Ова откако стружани попладнево во дербито од претпоследното 32.коло славea на гостувањето во Тетово против директниот конкурент Шкендија со 0-2. Стрелци на головите беа Бесарт Ибраими (44.минута) и Марјан Радески (48). Во пролог на стружани им оди и нерешениот исход на Чаир, меѓу Шкупи и Брера Струмица, по кој чаирчани заостануваат заостануваат недостижни пет бодови. Со освоениот бод, струмичани си го осигураа местото во првата лига и догодина, бидејќи Вардар одигра 1-1 на гостувањето кај Силекс во Кратово. Вардарци ќе останат на 10-тата позиција и ќе играат бараж.

Прволигашката конкуренција ќе ја напуштат Македонија и Брегалница кои денеска играа меѓусебно, дуиел во кој Ѓорчепетровци славеа со 2-1.

ПРВА ЛИГА претпоследно 32.КОЛО
ШКЕНДИЈА – СТРУГА Т.Л. 0-2
ШКУПИ – АП БРЕРА СТРУМИЦА 0-0
СИЛЕКС – ВАРДАР 1-1
ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ 0-0
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 2-1

Во последното коло стружани пред своите симпатизери ќе може да ја прослават титулата во дербито со Шкупи.

Standings provided by Sofascore