Германското попладне во Бундес лигата донесе големи битки на теренот. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас остана на клупа за резерви во дуелот на Лајпциг и Ведер Бремен. Фрајбург со реми против Хајденхајм неуспеа да осигура Конференциска Лига. Унион Берлин пак не помина ништо подобро бидејќи загубија добиен натпревар против екипата на Келн со 3:2.
Во борбата за Конференциска Лига екипата на Фрајбург се сопна против Хајденхајм. Со резултат од 1:1 Фрајбург не успеа да се осигура за европска есен следната сезона. Во 29.та минута поведоа Фрајбург со голот на Ритсу Доан, но Кевин Сеса изедначи во 38.та минута и резултатот до крај остана непроменет.
Екипата на Унион Берлин направи чекор назад во борбата за опстанок. На натпревар којшто мораше да го добијат, тие го загубија од Келн со 3:2. Во првиот дел Унион Берлин водеше и со 2:0 благодарение на Робин Нохче во 15.та минута и пеналот на Кевин Воланд во 19.та минута. Во 45.та минута преку нов пенал овој пат на страната на Келн Флориан Каинц намали на 2:1, а во второто полувреме Стефен Тигес во 87.та минута и Дејмон Даунс во 93.та стрелаа за пресврт и победа на Келн.
Во ремито Лајпциг против екипата на Ведер од 1:1, нашиот репрезентативец Елиф Елмас го гледаше од клупата за резерви. Стрелци на головите беа Николас Сивалд кој со автогол во 36.та минута донесе водство за Ведер Бремен, а во 61.та минута Бенџамин Шешко израмни на 1:1.