Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром ќе го предизвикаат Баскет Кам во финалето на на Купот на Македонија.
Ова е епилогот и по вториот одигран полуфинален меч на женскиот дел од завршниот турнир, во кој сино-белите го совладаа Вардар,
Иако Вардар беше екипата која доминираше во првото полувреме кое црвено-црните во кое го завршија со предност од 18 поени (34-26) сепак тоа не беше доволно да се забележи победа.
Предводени од американскиот тандем Оливија Ли (со 32 поени) и Џои Симонс (со 28 поени), аеродромки не само што ја надополнија негативата туку на крајот и забележаа убедлива победа со 16 поени разлика 73-57.
Така дебитантот во ова натпреварување МЗТ Скопје Аеродром ќе го предизвика бранителот на трофејот Баскет Кам во финалето кое на програмата е утре од 16:30 часот.