Михаела Шифрин e новата Светска шампионка во велеслалом.
Топ фаворитката конечно успеа да се закити со златен медал на првенството во алпско скијање, што се одржува во француските-ски центри Куршевел и Мерибел.
Шифрин по двете трки оствари вкупно време од 2:07.13 минути, што беше за 12.стотинки побрзо од Италијанка, Федерика Брињоне, која освои злато во комбинација.
Бронзениот медал денеска и припадна на Норвежанката, Агнил Мовинкел која доцнеше 22.стотинки зад Американката.
За Шифрин ова седмо златно одличје од Светските првенства на кои има освоено вкупно 13 медали.
Инаку на денешниот велеслалом свое деби на светските првенства имаше и нашата 16-годинша талентирана скијачка Јана Атанасовска која за жал остана без пласман.