Во текот на денешниот и утрешниот ден на програмата во женската ракометна Супер лига се шест натпревари од 21-вото коло .
Сепак, дербито на оваа рунда ќе се игра дури во вторник 30-ти април. За тогаш е закажан дуелот меѓу трето и петто рангираните екипи на табелата, Чаир и Куманово.
Денес се закажани три натпревари. Во Автокоманда кај второ пласираниот Металург гостува екипата на Шампиони. Во Битола, Пелистер ќе го пречека тимот на Вардар, а екипата на Деспина во Прилеп игра е домаќин на Овче Поле.
Во текот на утрешниот ден Стружанка го пречекува Астибо во Струга, а Спартак игра против Гевгелија. Лидерот на табелата Ѓорче Петров е апсолутен фаворит во дуелот со Скопје.
Македонскиот првак Ѓорче Петров е блиску до нов трофеј. „Лавиците“ се на првото место на табелата со 58 бода, со шест бодови повеќе од Металург Автокоманда (52).
СУПЕР ЛИГА ЖЕНИ 21.коло
СРЕДА
12:00 МЕТАЛУРГ А. – ШАМПИОН
17:30 ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
19:00 ДЕСПИНА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
ЧЕТВРТОК
17:30 СТРУЖАНКА – АСТИБО
19:00 СПАРТАК – ГЕВГЕЛИЈА
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СКОПЈЕ
ВТОРНИК
18:00 ЧАИР СКОПЈЕ – КУМАНОВО
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 58 бодови, Металург Автокоманда 52, Чаир 49, Вардар 46, Куманово 45,…
Ивона Кимовска