Конечно по пауза од скоро од два месеца тимот на Вердер стигна до победа во Бундеслигата.
Тимот кој имаше само две реми средби од 24 февруари па до ден денешен конечно успеа да запише победа и три бода.
Вердер го победи високо рангираниот Штутгарт со 2-1 пред своите навивачи.
Двата гола за Вердер беа дело на Дукш по еден во двете полувремиња. Најпрво од пенал погоди во 28-та минута, а во вториот дел во 49-тата минута беше 2-0 за Вердер кога ја искористи идеалната асистенција на Роман Шмид.
Дениз Ундав со гол на 20 минути до крајот ја врати надежта на Штутгарт за поволен резултат, но сепак во финишот не стигна до израмнување.
Па така Штутгарт сега заостанува три бода од Баерн кое е на второто место, а има четири бода предност од Лајпциг кој е четвртти.
Останува да видиме дали Борусија Дортмунд со победа над новиот шампион Баер Леверкузен ќе му се доближи на Штутгарт на само труи бода.