Во натпревар од 21.коло на шпанската Ла Лига екипата на Реал Мадрид славеше очекувана победа над последно пласираниот тим на табелата Елче со 4-0 .
По соло акцијата со удар од 16-тина метри Марко Асенсио уште во 8-та минута му донесе водство на Реал со 1-0.
Во продолжението следуваа два гола на Карим Бензема од пенал, првиот во 31-вата, а вториот во 45-тата минута.
Реал вториот дел го одигра рутинирано па со голот на Модриќ во 81-минута, само ја потврди победата и очекувано прокнижи нови три бода.
„Кралевите“, кои се на втората позиција на табелата, сега имаат 48 бодови, дури осум помалку од лидерот Барселона, а шест повеќе од трето рангираниот Реал Сосиедад.
Во сабота реал гостува кај Кадиз, по што во вторник следува првиот меч против Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампионите и тоа на гости на „Енфилд“.