Викендов ќе се одигра 20-тото коло во женската ракометна Супер лига. На денешната програма се закажани два дерби дуели.
Првиот ќе го играат екипите на Куманово и Вардар од 14 часот во спортската сала ,,Перо Наков” во Куманово. На претходниот меѓусебен натпревар Куманово успеа да слави над Вардар со минимални 25:24. Кумановки моментално се наоѓаат на четвртата позиција на табелата со 45 бода, додека веднаш зад нив е Вардар со 43 бода.
Екипата на Чаир ќе го пречека шампионот и лидер на табелата Ѓорче Петров во второто дерби оваа рунда. Овој натпревар ќе се игра во спортската сала ,,7-ми мај”. Ѓорче Петров кој на претходниот меѓусебен дуел го совлада Чаир со 45:29, со евентуален триумф ќе направат чекор поблиску до новата шампионска титула.
Денес исто така се играат уште три натпревари. Шампион ќе го пречека тимот на Стружанка, додека Металург Автокоманда гостува кај Гевгелија. И последниот натпревар денес ќе го одиграат Скопје и Деспина. Во текот на утрешниот ден закажани се два натпревари. Астибо за противник го има тимот на Пелистер, а Спартак гостува кај Овче Поле во Свети Николе.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 20.КОЛО
Сабота
ГЕВГЕЛИЈА – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 13.00 часот
ШАМПИОН – СТРУЖАНКА 13.30
КУМАНОВО – ВАРДАР 14.00
ЧАИР СКОПЈЕ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 18.00
СКОПЈЕ – ДЕСПИНА 19.30
недела
АСТИБО – ПЕЛИСТЕР 12.00
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – СПАРТАК 20.00
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 55 бодови, Металург Автокоманда 49, Чаир 49, Куманово 45, Вардар 43…
Ивона Кимовска