Враќајќи се на сцената по многу капитулации во Лигата на шампионите, Арсенал ќе стапне на тревникот на „Алијанц Арена“ вечерва во реваншот од возбудливото четвртфинале со Баерн Минхен.
Минатонеделната воведна битка на „Емирати“ секако ја оправда возбудата, но момците на Томас Тухел останаа да жалат за некарактеристичната судиска одлука при игра со рака на Вилијам Салиба во шестнаесетникот во ремито од првиот натпревар со „баварците“ кое заврши 2:2.
Арсенал викендов доживеа тежок пораз (0:2) на домашен терен од екипата на Астон Вила и му ја отстапи првата позиција на Манчестер Сити. Баерн пак, рутински го совлада Келн со 2:0, но на серијата од 11 последователни трофеи за „баварците“ во Бундес лигата и дојде крајот бидејќи Леверкузен го презема престолот.
Последната можност за трофеј на Хари Кејн и Баерн Минхен е токму овој во Лигата на шампионите. Дали проклетството на Кејн за трофеи ќе остане сеуште во искушение или „топџиите“ ќе се пласираат во полуфиналето за прв пат по 2008/09 година останува да видиме вечерва со почеток од 21:00 часот.
Едното полуфинале е веќе закажано меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ. „Милионерите“ го совладаа Атлетико Мадрид со 4:2 (вкупно 5:4), додека „светците“ беа подобри од Барселона – 4:1 (вкупно 6:4).