Екипите на Тиквеш и на Воска спорт се изборија за своето прво Куп финале во Македонија. Во реваншот во Кавадарци по изведувањето на пеналите откако натпреварот заврши 0:0 (исто како и на првиот дуел) Тиквеш славеше победа од 5:3 по изведувањето на пеналите, додека Воска и покрај поразот од 2:1 од Македонија ЃП во реваншот со вкупни 3:2 се избори за финалето.

Во Кавадарци и на вториот натпревар немаше голови, па така пеналите го решаваа победникот. Се беше решено во првата серија кога за Тиквеш погоди Силва, а Адриан Ренер го одбраи ударот на Илиески. Во продолжението на пена серијата головите за Тиквеш ги постигнаа: Стојкоски, Карчевски, Робертињо и Спиркоски, додека стрелци за Шкупи беа: Пинтер, Гренер и Дамескено. Решавачкиот пенал за победа го постигна Спиркоски.

Победата од 2:0 од првиот натпревар во Охрид се покажа решавачка за пласманот на Воска спорт во финалето на Купот, бидејќи во реваншот попладнево актуелниот освојувач на Купот Македонија ЃП забележа победа од 2:1 во реваншот. Гостите од Охрид со голот на Џемиљ Јахији во 13.минута навестија пласман во финалето. Но, Македонија ЃП успеа да донесе неизвесност во дуелот откако Самир Фазли изедначи во 25.минута, а потоа во вториот дел Крсте Велковски постигна гол за водство на Македонија ЃП од 2:1. Тоа беше и конечниот резултат, со кој Воска спорт избори финале во Купот на Македонија.
Финалето на Купот на Македонија ќе се одигра на 22.мај.