Тимот на Милан со реми се враќа од гостувањето на Реџо Емилија каде одигра 3-3 против Сасуоло.
Не почна на добро за Милан. Уште во 4-тата минута мораа да ја вадат топката од мрежата откако Сасуоло поведе со 1-0 со голот на Пинамонти.
Веќе во 10-тата минута беше 2-0 за домашните со голот на Луренте. Милан се врати во игра 10 минути подоцна откако Леао намали на 2-1.
Со тој резултат се замина на паузата. Во вториот дел Сасуоло зголеми на 3-1 во 53-тата минута со вториот гол на Луренте.
Милан се обидуваше да се врати од шокот во Реџо Емилија, па така во игра влезе Жиру во нападот.
Лука Јовиќ со голот во 59-тата минута намали на 3-2, а Окафор во 84-тата минута израмни на 3-3 и мечот влезе во неизвесна завршница.
Јалови беа нападите на Милан да дојде и до комплетен пресврт и трите бода што на крајот мораше да се задоволи со поделба на бодовите.
Па така Милан пропушти шанса да му се доближи на градскиот ривал на 11 бода и со победа во дербито следниот викенд да ја направи интересна сезоната до крај.
Со овој бод Сасуоло има 26 бода и остана на претпоследното место на табелата со бод помалку од Фросиноне кој е надвор од зоната за испаѓање од лигата.