Екипата на Интер Мајами со нова победа се врати на врвот на табелата во Источната конференција на МСЛ лигата. На гостувањето во Канзас кај Спортинг, тимот на Интер славеше победа со 2:3.

Творци на овој триумф беа Лионел Меси и Луис Суарез.

Иако домаќините поведоа со голот на Тому уште во 6-тата минута, Меси одигра уште еден брилијантен натпревар и беше творец на триумфотт на гостите иод Мајами.

Аргентинецот прво со фантастична асистенција кон Гомез помогна во израмнувањето на 1-1. По шест минути игра во вториот дел (51), Меси со неверојатен гол од 26.мести му донесе водство на Интер од 1-2. Веќе во 58-та Томи со својот втор погодок израмни на 2-2.

Стрелецот на првиот гол за гостите Гомез заврши одлична работа. Тој во 71-минута му асистираше на Луис Суарез за 2-3 и триумф на Интер Мајами.

За тимот на Дејвид Бекам ова беше четврта победа сезонава со која сега има 15 бодови, но и натпревар повеќе од конкурентот Њу Јорк.

Меси сезонава има постигнато пет голови, а Суерез еден повеќе. Интер Мајами е најефикасниот тим во лигата со 19 голови, а пет повеќе од второ рангираниот Лос Анџелес Галакси.