Осумте најдобро пласирани екипи во второлигашката конкуренција денеска ја започнуваат првата рунда во разигрувањето за пласман во Првата лига. На програмата се првите четвртфинални натпревари, чија серија се игра во две победи.
Главен фаворит е тимот на МКК Куманово кој лигашкиот дел го заври со максимален број на победи. Зад кумановци, а со амбиции за Првата лига се и екипите на Шкупи и Маџари кои ги освоија второто и третото место.
Останатите пет тима „потајно“ посакуваат место во Првата лига, но реално се зад овие три екипи. Ако се гледа според прикажаното во лигашкиот дел триото има „гарантирано“ полуфинале, за кое најголема борба треба да водат Ангели и МЗТ Скопје У.Б.
Инаку, пласман во Првата лига следната сезона ќе обезбедат двете екипи кои ќе обезбедат пласман во финалето.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТИНАЛЕ
Сабота
17.00 (4) АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
17.30 (3) МАЏАРИ – СОКОЛИ
19.00 (2) ШКУПИ – БОРЕЦ БАСКЕТ
Недела
16.00 (1) МКК КУМАНОВО – МЕГА БАСКЕТ
- Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари
- Во полуфинале ќе играат победниците од дуелите, (1) – (4) и (2) – (3)