Македонската женска ракометна репрезентација е во Баку, каде попладнево го игра претпоследниот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2024 година.
Македонија по четири одиграни натпревари е на 2.место во групата, зад фаворитот Шпанија, а пред Литванија и Азербејџан.
Црвено-жолтите уште попладнево може да го потврдат своето учество на континенталниот шампионат. Дури и „реми“ со Азербејџан би им било доволно на Македонските ракометарки. Тоа под услов Шпанија да ја оправдаат фаворитската улога против Литванија.
Денешниот дуел Азербејџан – Македонија во Баку ќе почне од 15 часот, додека Шпанија и Литванија ќе играат во терминот од 18 часот.
Ако се оди според планот, во следниот натпревар македонските ракометарки ќе може формално пред својата публика да го прослават учеството на ЕП.
Тоа би го сториле во недела во СЦ „Борис Трајковски“ во дуелот против Литванија. Влезот за тој натпревар ќе биде слободен.
Ивона Кимовска