Екипите на Шкупи и Тиквеш одиграа натпревар за заборав во првиот меѓусебен дуел од полуфиналето на Купот на Македонија.
Натпреварот одигран попладнево во Чаир, заврши без голови 0-0.
Во првиот дел по една шанса да двете страни. Први се заканија гостите, преку Стојкоски, а на спротивната страна се обиде Едмундсон.
Во вториот дел иста слика. Иницијатива на чаирчани и добра компактна одбрана на кавадарчани. Прво Воша, а потоа и Гранер во два, се обидоа да го совладаат Аријан Ренер, но безуспешно. Ви 81-та минута се закани и Дуду, но словенечкиот голман беше „виновник“ што дуелот заврши со нај не популарниот резултат 0-0.
Реванш натпреварот во Кавадарци е закажан за 17 април.
Утре својот прв полуфинален натпревар во Охрид, ќе го играат Воска спорт и бранителот на трофејот Македонија Ѓорче Петров.