„Сент Џејмс Парк“ си замина незадоволен по ремито на Њукасл со Евертон кое заврши 1:1. Гостите од Ливерпул постигнаа гол во 88-та минута од пенал, кој го изведе Доминик Калверт Луин и се извлекоа од пораз.

Домаќините одлично го започнаа натпреварот и уште во 15-тата минута дојдоа до водство од 1:0. Стрелец на голот беше Александер Исак, кој со прекрасен соло продор го матираше противничкиот голман.

До крајот на првото полувреме Њукасл имаше уште две изгледни шанси за погодок, но резултатот на семафорот остана 1:0.

Голот на Дан Брн за 2:0 во 58-та минута беше поништен поради минимален офсајд со што им ја врати надежта на избраниците на Шон Дајч.

Се беше неизвесно до самиот крај, кога среќата чукна на вратата на Евертон. Имено, по неспретна реакција во шестнаесетникот на Њукасл судијата досуди пенал за гостите.

Најдобриот стрелец на „карамелите“, Доминик Калверт Луин, го реализираше пеналот и Евертон дојде до изедначување на 1:1 со што беше поставен и конечниот резултат.