Актуелните шампиони во НБА лигата, Денвер е поразен од Феникс во дербито на вечерта во НБА лигата. Пред своите симпатизери „Нагетс“ загубија од „Санс“ со 97:104, но останаа на првата позиција на табелата во Западната конференција.
На Никола Јокиќ му недостигаше само еден скок за нов „трипл-дабл“, а на 22-те поени и 10-те асистенции додаде девет скока. Сепак, Јокиќ стана првиот играч во НБА лигата кој во период од пет години постигнал повеќе од 8.000 поени, фатил повеќе од 4.000 топки и имал повеќе од 3.000 асистенции.
Прво име на натпреварот беше Кевин Дурант кој ги предвидеше „Сонцата“ 30 поени и 13 скока, а Девин Букер помогна со 17 поени.
Поразот на Денвер не успеаја да го искористат кошаркарите на Оклахома кои исто така беа поразени на домашен домашен терен од Хјустон со 132:126. Гостите ги предводеше Џејлен Грин со дабл-дабл со 37 поени и 10 скока, на кои додаде и 7 асистенции. Кај „Тандер“ најдобар беше Џош Гиди со 31 поен.
Поразите на Денвер и Оклахома ги искористија кошаркарите на Минесота кои по триумфот над Детроит 106-91 се израмнија со „Тандерс“ со 50-победи, а двата тима имаат една помалку од шампионот.
Одлично враќање на теренот по неколкуте пропуштени натпревари имаше Леброн Џејмс. Тој оствари трипл-дабл, во победата на ЛА Лејкерс над 136-124. „Кралот“ Леброн натпреварот го заврши со 23 поени, 14 скока и 12 асистенции.
На останатите натпревари беа постигнати следните резултати:
Шарлот – Кливленд 118:111
Орландо – Голден Стејт 93:101
Вашингтон – Бруклин 119:122 по продолжение
Атланта – Портланд 120:106
Филаделфија – ЛА Клиперс 107:108
Торонто – Њујорк 101:145
Чикаго – Индијана 125:99
Јута – Сан Антонио 111:118
Денвер – Феникс 97:104